Пристигна месецот март. Денес е петок а Венера го заврши февруари и продолжи да владее и во почетокот на овој месец, ослободена од Јарецот. Денеска Венера е и во квадрат со Уран за да на крај премине во Водолија. Од земјан знак на воздушен и сето тоа во еден ден. Од земја во воздух. Нагол скок, бидете подготвени.
Ова е ден на големи случувања!
Овен
Работа: Имате добри идеи, но некој го одбива вашиот совет и се обидува да ја намали вашата улога во деловната соработка. Сепак, не дозволувајте деловни недоразбирања значително да се одразат на вашата концентрација. Љубов: Важно е дека сте во позитивна средина и со драги личности. Мала нежност носи големо
задоволство во секој поглед. Здравје: Корегирајте ја исхраната.
Бик
Работа: Некои намери не звучат доволно искрено, па затоа внимателно анализирајте ја личноста која ви упатува убави зборови или големи ветувања. Љубов: Партнерот се жали на вашата честа расеаност, ненадејна заборавеност или на отсуство. Исправете ги на време своите пропусти. Здравје: Потребен ви е одмор.
Близнаци
Работа: Имате интересни идеи, но за жал вашата околина нема доволно слух за да ве поддржи. Поради различните интереси кај соработниците, мора да прифатите компромис. Љубов: Избегнувајте нова дискусија кога ќе се сретнете со саканата личност за чувствителни теми што не се добредојдени а кои до сега не сте во можност да го завршите во моментов. Нема причина да се подига тензија. Здравје: Добро се чувствувате.
Рак
Работа: Имате впечаток дека соработниците немаат доволно разбирање за вашите бизнис идеи или интереси. Не расудувајте врз основа на првиот впечаток. Љубов: Меѓу вас и вашиот партнер, провејува заедничко недоразбирање или недоверба. Но, изненадувањата се можни во различни насоки. Здравје: Вие сте нервозни.
Лав
Работа: Не можете да ставите знак за еднаквост помеѓу успехот во бизнисот и некои приватни настани.Ви импонираат разните пофалби што ги добивате. Љубов: Успехот во јавниот живот не може целосно да ги замени вашите лични и емотивни желби и потреби. Чувствувате жал за некои настани од светот на интимноста. Здравје: Добро се чувствувате.
Девица
Работа: Ветувањата што ги добивате не претставуваат гаранција за деловна победа. Потребно е да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите вашите интереси. Љубов: Бидете сигурни дека постапувате со многу ентузијазам и инспирација пред саканата личност. Не дозволувајте да се оттргнете од некои заеднички планови. Здравје: Добро.
Терезија
Работа: Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или ненадејно да ве условува. Бидете внимателни. На вас е на вашите соработници да им укажете на корисни решенија. Љубов: Често ја губите трпеливоста пред една блиска личност. Обрнете внимание на поведри содржини, да бидете поведри и потрпеливи. И на двајцата ќе ви значат. Здравје: Добро.
Скорпија
Работа: Нема причина да ја одложувате средбата со соработниците. Момент е да ги забрзате вашите бизнис активности или да прифати нечија понуда. Љубов: Препуштете му на вашиот партнер да игра голема улога во вообичаените ситуации, особено кога љубовниот занес ве води кон најубаво задоволство. Здравје: Болки во мускулите.
Стрелец
Работа : Договорот со едно лице ве обврзува на одредени услови или на строга деловна дискреција. Сепак, имате различни идеи и нема да дозволите некој да одлучува во ваше име. Љубов: Понекогаш сакате повеќе отколку што можете, а партнерот делува мрзоволно додека ги слуша вашите забелешки. Бидете реални во оценувањето на нечии можности. Здравје: Добро се чувствувате.
Јарец
Работа: Бидете доволно разумни пред лицето кое ве поврзува со одредени услови во деловната соработка. Важно е да ги зачувате вашите интереси. Љубов: Чувството на емоционална блискост во вас го поттикнува позитивното расположение и креативната енергија. Добро е што се ориентиравте кон подобрата страна на реалноста. Здравје: Лоша циркулација.
Водолија
Работа: Постојано барате излез од сложени ситуации, но ви се чини дека некој дополнително ве оптоварува со различни барања. Секој проблем има добро решение. Љубов: Избегнувајте ривалство или некоја љубоморна сцена. Покажете му на саканиот дека имате
слични потреби и користете зрно на мудрост секогаш кога е неопходно. Здравје: Одлично.
Риби
Работа: Делувате мудро и промислено кога се сретнувате со соработниците. Нема причина да се однесувате наметливо туку препуштете им на другите да ви кажат за вашиот успех. Љубов: Покажете искрен интерес за идеите на саканата личност. Избегнувајте различни емоционални провокации или нови љубоморни сцени. Нема причина премногу да се потресувате. Здравје: Корегирајте ја исхраната.