|
Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски очекуваат принова. Тие ќе станат родители по вторпат.
Сара откри како се чувствува во втората бременост.
– Одлично се чувствувам, засега е сe’ како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјави Сара за „Женски магазин“.
Среќниот пар сега го откри и полот на бебето. Имено, Сара, Димитар и нивната ќеркичка Илина отворија кутија во која се наоѓаа сини балони.
Сара очекува машко дете, а Илина ќе добие братче.