Сара Мејс се „изгуби“ во старите фармерки, па жива радосна се пофали колку ослабела

ИЗВОРСкопје24
|

По нешто повеќе од осум месеци откако за првпат се реализираше во улогата на мајка, пејачката Сара Мејс активно се трудеше на намалување на килограмите.

Пред извесен период на своите обожаватели им откри дека вишокот килограми не и пречат, туку напротив убаво се чувствува и знае како да се носи со нив, како и тоа дека отсекогаш сакала да биде пополничка.

Тогаш позирајќи во бел комбинезон, опиша дека е како „плус-сајз“ модел, свртена со бујната позадина во преден план.

Но сега неколку месеци подоцна и со помош на третманите во еден центар за медицинска естетика и козметика, Сара Мејс успеа да ги намали килограмите до таа мера што се „губи“ во старите фармерки.

-Слабо, не се избубив во фармеркиве, пишува за фотографиите, потенцирајќи на разликата.

Задоволна од она што го виде во огледалото, се пофали на својот профил на Инсатграм, па во неколку пози ги покажа резултатите кои се очигледни.

Инаку, деновиве Сара Мејс ја објави својата нова песна „Копито“ која е во соработка со Александар Ристовски- Принц.

Вистина.мк