Саша Богдановиќ стана татко: На детето му дадоа библиско име (ФОТО)

|

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ со објава на социјалните мрежи објави дека станал татко.

Ова е прво дете за парот, а како што напиша Богдановиќ, неговата сопруга Јелена роди машко дете кое го крстија Лазар.

“Слава ти Боже. Ја чу воду а ти корен нек изникну млади. Добре ни дојде сине Лазаре, напиша годриот татко во објавата споделувајќи ја песната од српската пејачка Јелена Томашевиќ.

Поранешниот градоначалникот на Центар во октомври 2020 година се венчаше во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница со Јелена Брауновиќ.

Богдановиќ прво беше облечен во костум, а учителката од ОУ „Киро Глигоров“ во бел невестински фустан со етно елементи – кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија. На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија.