Саша Поповиќ и Лепа Брена во деведесеттите години ја посетиле познатата баба Ванѓа сакајќи да дознаат детали за нивната судбина.
Првиот човек на Гранд открил дека ја посетил пророчицата која му го кажала и датумот на неговото заминување од овој свет. Како што кажува директорот на Гранд, баба Ванѓа претскажала распад на групата Слатки Грех, која во тоа време била најпозната група.
Бевме кај Ванѓа. Точно тоа го кажа. Јас седев крај неа, а таа ми рече симни ги очилата. Јас и реков не носам наочари, а таа ми рече: Сега ќе те исфрлам надвор, симни ги очилата. Рече, деца ова е се убаво и прекрасно, но групава следната година нема да постои. Потоа ми го кажа целиот живот… Ај сега да не зборувам. Ми кажа се што ќе биде и како ќе биде, и се бидна како што кажа. Дури ме праша: Сакаш ли да ти кажам кога ќе заминеш од овој свет – рекол Поповиќ.
И ти сега знаеш се – констатирала водителката на емисијата Балканска улица.
Да!Се се случи како што кажа, ама внимавај, до ситница. За пет минути ми го раскажа животот и на крајот ми рече: Запомни што ти кажувам!