Јавноста и медиумите во регионот на големо коментираат за финалето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое се одржа вчеравечер, а победи Џејла Рамовиќ од Босна.
Директорот на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ за 13-та сезона се одлучи за евровизиски принцип на гласање, па од секоја земја во регионот, телефонски се јавуваа познати пејачи за да го дадат својот глас.
Прва која ја вклучија од Македонија, беше Елена Ристеска која имаше желба да каже нешто повеќе од самото доделување на поените.
Таа првин им посака среќа на сите учесници, а кога почна да раскажува дека и таа кариерата ја почнала во слично шоу каде победи, Саша Поповиќ се обиде да ја прекине. Тој и кажа дека имаа малку време и дека мора да премине на гласањето.
Сепак, Елена си остана доследна, си ја доврши мислата, па потоа започна со гласање.
Времето на Саша Поповиќ вреди пари, а нашата зборлеста Елена најмногу од сите што се јавија, успеа да му украде некоја скапа секунда повеќе на директорот.
Инаку, Ристеска 8 поени му додели на Огнен Здравсковки, 10 за сега победничката Џејла Рамовиќ и највисоките 12 поени му ги додели на кумановецот Мартинијан Кириловски.
Извор: Вистина.мк