Саша Поповиќ откри колку изнесува неговата пензија

|

„Ѕвездите на Гранд“ се веќе добро познато место за спектакл, каде често се откриваат „тајни“ информации за членовите на жирито.

Овој пат Саша Поповиќ откри колку изнесува неговата пензија, а Драган Стојковиќ – Босанец дека редовно користи градски превоз.

„Дали зема бесплатна картичка за градски превоз? Знам дека има Мерцедес коцка која троши 20 литри, па не ти се исплати да се возиш по Белград“ – рекол Поповиќ.

„Јас сум пензионер и се гордеам со мојата пензија, но ги поддржувам сите иницијативи кои владеат во земјава. Имам во Србија своја карта со која се возам бесплатно по Белград, а ти веројатно имаш во Хрватска. Лесно ти е тебе кога не живееш од пензија, сраму еден“ – рекол Босанец.

„Како не живеам од пензија? Пензијата ми е најмилата работа“ – одговорил Саша.

„Лесно ти е тебе кога имаш пензија од 128.000 динари (64.000 денари) – додал Босанец.

„Моментално имам 102.000 динари (51.000 денари) – открил Поповиќ.