Саша Поповиќ започнува нов бизнис од кој ќе заработи многу пари

|

Популарниот Саша Поповиќ кој инаку е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ планира да го напушти шоуто, пишуваат српските медиуми.

Се зборува дека тој наводно веќе започнал нов бизнис со недвижности.

– Сите се надеваа дека Сале конечно ќе се посвети на себе и семејството бидејќи работеше со децении. Но, изгледа Сузана џабе се радуваше дека следната година заедно ќе го шетаат светот. Изгледа тој не може без работа. Човекот е научен да работи, вели извор за „Свет“ и додава:

– Гради некоја зграда на Бежаниска коса, не знам колку станови ќе има, а и Вики со нејзината фирма која е вклучена со уредување на станови ќе се вклучи во неговата приказна. Таа неодамна доби дозвола и за продажба на недвижности. Нема да започнат нешто ако не знаат дека ќе имаат корист.

Посебно таму каде цената на квадратот е 2 000 евра, а може и повеќе“, вели извор и додава дека Брена не е вклучена во овој бизнис.