Саша Поповиќ им подготви изненадување на ќерките на Јелена Карлеуша

ИЗВОРСкопје24
|

Бидејќи нема профили на социјалните мрежи, Саша Поповиќ, кога не се емитува „Ѕвездите на Гранд“, јавноста поретко го гледа. Но тој е доста активен со аудициите и подготовките на новата сезона.

Сепак, тука се неговите пријатели и колеги за да споделат некој интересен момент од директорот на „Гранд“ продукција.

Имено, Поповиќ им направи изнанадување на Јелена Карлеуша и нејзините ќерки Атина и Ника во Опатија, но на крајот потфрли.

Имено, тие отидоа во ресторан каде имало пијано, а потоа Саша веднаш седнал и засвирил само за нив.

„Само за мојата пријателка Атина“, рече Поповиќ, на што Карлеуша веднаш одговори: „Што е со Ника?“

„И Ника“, се поправи Поповиќ, кој очигледно заборавил на другата наследничка на Карлеуша.

Видеото погледнете го овде.

Извор: Вистина.мк.