Саша Поповиќ повторно опериран во приватна клиника

ИЗВОРСкопје24
|

Првиот човек на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, пред два дена во раните утрински часови бил виден во приватна клиника во Белград за да го реши здравствениот проблем кој го има подого време.

-Саша е секогаш насмеан, без оглед на тоа што му се случува во животот. Така беше и во четвртокот утрото, кога го видовме пред една приватна клиника каде дојде ласерски да го реши проблемот со окото, вели изворот.

Саша на клиниката бил сам, а внатре поминал околу два часа. За тоа време по интервенцијата на Поповиќ му било соопштено дека сега е се во ред.

-Изваден ми е вонземјанин со големина на грашок. Сега се е во ред, вели Саша Поповиќ за српски „Блиц“.

Ова е негова втора операција откако пред само неколку недели ја направи првата за истата здравствена состојба.

Тогаш тој изјави дека прво го игнорирал проблемот кој му се појавил на почетокот на годината и продолжил да работи.