Како што пишуваат медиумите, бизнисменот Саша Поповиќ решил со помош на адвокат да состави тестамент, во кој посочил кому ќе го остави целиот свој имот.
Откако Саша Поповиќ ги продал акциите во „Гранд“, почнал да инвестира во разни бизниси и со сопругата започнал неколку активности кои на нивните деца ќе им обезбедат подобра иднина.
Сепак, свесен за времето во кое живееме, Саша наводно направил тестамент, за навреме да си го обезбеди семејството.
– Се консултирал со својот адвокат и решил се да и остави на Сузана. Таа е петнаесет години помлада од него, но тој има најголема доверба во неа и сигурен е дека таа ќе може да управува со целиот имот што го поседуваат – тврди изворот на споменатиот труд и додава:
-Има доверба во својата ќерка, како и во синот на Сузана, кого го воспита како да е свој. Но, повторно, тој е решен да остави се на Сузана, за која верува дека понатаму ќе сподели сè според неговата совес. Сигурно не мисли дека крајот е близу, свесен е само за времето во кое живееме и дека треба да го реши и тоа, поточно да има волја, а со тоа се согласува и Сузана. Но, пред нив се само животот и плановите.
Сузана Јовановиќ, како што се наведува, по официјалното составување на тестаментот ќе биде побогата за неколку милиони, но бидејќи таа и Саша се во хармоничен брак, таа не се осврнува на тоа, туку му обрнува внимание на сопругот и се труди да уживаат заедно секој ден.