Актерот Сако Коцев и неговата сопруга Смиљана во ноември 2017 година станаа родителите за првпат на нивната ќерка Јоана.
Сашко оттогаш ужива во семејната идила, а досега неколку пати изјави дека татковството го променило.
Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами,филмови има стендап-настапи… Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на Јоана и креативниот процес.
„Го користам секој момент за творење и чување. Тоа е комбинација на нишање за заспивање и пишување некој текст во главата… потоа мавтање со играчката, истовремено поминување текст за вечерашната претстава или, пак, топлење млеко и правење план во главата за утрешната проба“, изјави Сашко во една прилика.
Откако стана родител, зачестија и неговите духовити статуси на социјалните мрежи за родителството со кои редовно ги засмејува следбениците.
Инаку, мама Смиљана и тато Сашко неодамна го прославија вториот роденден на нивната наследничка Јоана.