|
На повеќе локации низ Скопје утрово полицијата изврши претерс, при што приведени се повеќе лица – бизнисмени, инспектори, меѓу кои и функционери на ДУИ.
Со оглед на професиите на лицата кои се апсат, очигледно станува збор за криминални дејствија поврзани со даночни проневери и перење пари – велат од МВР.
Од МВР за „Слободен печат“ потврдија дека во тек се претреси во координација со ОЈО ГОКК, а за детали околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.