Работното место вклучува патување по светот и престој во скапи хотели, а за целата таа „мака“ се компензира со месечна плата од околу 4.000 евра.
Тоа го нуди 26-годишниот милионер од Австралија Метју Лепре, кој се занимава со е-трговија и вработува личен асистент или асистентка, која ќе го следи на честите деловни патувања во јапонија, Дубаи и на Хаваи. Задолженија на вработениот ќе биде координација на неговиот густ распоред, а за тоа дава годишна плата од 52.000 долари.
Платата се темели на искуството на личноста, а трошоците за сместување и патување му ги плаќаме посебно“ – објаснил милионерот, додавајќи дека вработениот ќе мора да патува секои неколку месеци.