Денеска е голем празник, не перете, не чистете, не работите ништо – ова го читаме за секој верски празник. Верниците се во дилема, дали смеам да вклучам машина за перење денеска?! Дали може да ги избришам прозорите на овој празник?!
Одговор на ова прашање дава отец Горан Стојчевски.
Помоли се и почни со работа, а кога ќе завршиш помоли се заблагодари му на Бога, бидејќи Христос рекол, без Мене не можете да направите ништо.
„Правилото” и на празник и во недела доколку сме во можност да појдеме да земемe учество во Литургијата, а после да си ја бркаме секоја работа.
Не се плаши и отфрли ја мислата за казна, тоа е само лоша помисла, ако ви е за утеха ние свештениците работиме и во делник и во празник, а не сме ништо поразлични од секој друг што работи, вели отец Горан.
Велигден е голем празник кој сите го поминуваат со семејството.
На Велики Четврток се вапцаат јајца, а првото има посебно значење и моќ и секогаш се фарба црвено.
Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот.
Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.
Првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци.
Домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено, бело, дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.