Се допирал по гениталиите и фотографирал малолетничка во автобус, мајката пријавила во полиција

|

Скопјанка пријавила во полиција дека во автобус на ЈСП, некое лице ја фотографирало нејзината ќерка и се допирало по гениталиите.

Инцидентот се случил синоќа, додека нејзината малолетна ќерка се возела во градски автобус бр.24 од Градежен факултет кон ТЦ Лептокарија.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.