Се е јасно – Потегот на Богдан откри во каков однос е со Цеца по раскинувањето

ИЗВОРНов Лист
|

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ повеќе не е со Богдан Срејовиќ, а Богдан и покрај раскинувањето не ги отстрани заедничките фотографии со пејачката од социјалните мрежи.

Богдан во два наврати на својот Инстаграм профил објави слики со Цеца – во едната се со пријатели на Копаоник, додека во другата позираат на романтична вечера за време на престојот на Кипар.

Иако љубовта згасна, Срејовиќ се уште има фотографии со Цеца на Инстаграм, што е уште еден доказ дека поранешната двојка останала во пријателски односи по раскинувањето.

Тие двајца се уште се следат на споменатата социјална мрежа, а раскинувањето не било бурно но двете страни сфатиле дека емоциите им згаснале.

Да потсетиме, Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случи, но ги потврдија овие наводи:

– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.

Богдан се иселил од вилата, каде што живееле заедно, а тоа се случило неколку дена пред заминувањето на пејачката на Малдиви, каде уживала на одморот на крајот на јануари.