Последните денови Аца Лукас беше многу зафатен со подготовките за овогодинешната Евровизија, каде што верува дека ќе ја претставува Србија. Покрај тоа, бил ангажиран и за снимањето на „Кафе на Балканот“, за кое е напишано сценарио според животот на пејачот. Продуцент Саша Мирковиќ го најави почетокот на снимањето за мај 2022 година
Менаџерот на својот Инстаграм профил објави дека кастингот за актерите е на 10 март годинава.
– Аудициите за улоги во филмот „Кафе на Балканот“, како и за истоимената серија започнуваат на 10 март. Првата клапа на филмот и серијата во мај! – напиша продуцентот и директор на продукцијата Саша Мирковиќ.