Се исполни големата желба на Тоше – се осветува манастирот Свето Преображение

|

По долги години, денеска се исполнува една света обврска, големата желба на нашиот Тоше Проески и на крушевчани – се осветува манастирот Свето Преображение Господово во Крушево.

По долги години, денеска се исполнува една света обврска, големата желба на нашиот Тоше Проески и на крушевчани – се осветува манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, за чија изградба Тоше несебично се залагаше уште од раното детство, па се’ до последниот ден од кобната несреќа, по која македонскиот народ остана во длабок непребол.

Чинот на осветување го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА.

Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир кој Тоше го нарекуваше втор дом поради духовниот мир кој го пронаоѓаше во него, конечно го добива својот целосен манастирски сјај.

Нека му е вечна слава на нашиот Тоше!, објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.