Популарниот ТВ квиз „Слагалица“ често ги развеселува сите оние кои го слаедат, и тоа не само со забавните содржини и игрите туку и со грешките – што од страна на продукцијата, што од страна на натпреварувачите. Одговорот на еден од натпреварувачите во играта “Кој знае знае“ успеа да фрли во сенка се друго кое до сега сме го виделе.
Иако оваа игра често умее да ги изнервира учесниците и гледачите, затоа што како да се трудат да најдат прашања на кои одговорот го знае само личноста која е речиси специјалист во таа област, овој пат случајот беше сосема спротивен – затоа што се појави прашање на кое точен одговор би можел да деде и секое дете од основно школо.
„Како се викал морепловецот од Фиренца по кој Америка добила име?“
Црвениот натпреварувач на кој ова прашање му изгледало лесно, самоуверено се јави за да одговори: „Колумбо!“
Се разбира овој одговор ги насмеа многумина, и тоа не затоа што овој одговор е неточен, колку поради простиот факт дека морепловецот по кој Америка го добила своето ие се вика – Америго Веспучи. Значи, дури и да сте ги преспале баш сите часови по географија и историја, мора барем еднаш да сте слушнале за неговото име, и дури и да не ја знаете целата приказна за него, некако е потполно логично Америка да го добила името по некој што се викал Америго. Значи, не по колумбо, затоа што тогаш америка би се викала – Колумбија (која навистина го добила името по овој морепловец од Џенова).
Кристофер колумбо инаку е запаметен како првиот конквистатор на Новиот свет и како човек кој ја открил Америка, па иако се знае дека тоа не е вистина и дека во тоа го претркал најмалку еден човек (скандинавскиот авантурист Лејф Ериксон кој во 10-тиот век, некои 500 години пред Колумбо, ја открил територијата која денеска ја Њуфаундленд) историјата го памети по тоа. Од друга страна, континентот го добил името по Америго кој го истражувал новиот континент по „откривањето“ на Колумбо.