Пејачката Ивона Јовановиќ која секогаш отворено зборува за себеси вели дека е на специјален режим на исхрана и по две недели повторно се вратила во теретана. Минатиот месец, Ивона на својот Инстаграм профил објави фотографија во костим за капење, и напиша дека по четири години за прв пат се соблекла во костим.
„ Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини“, напипша тогаш Ивана.
„Се немам појавено во теретана можеби 2 недели. На почеток од овој мој животен пат кога не одев во теретана чувствував огромна грижа на совест. Се казнував со 2 часа 3 часа вежбање утредента и слично“, сподели Ивана сношти.
Во јуни, таа ја повредила ногата. Тоа јавно го споделуваше со своите следбеници за да ја видат нејзината трансформација.
„ Телото ми бараше одмор, а јас не дозволував да говори. Само вежбав и вежбав. Затоа и се случи тоа што се случи. Јули беше месец полн со нови предизвици и искушенија. Но знаете што? Горда сум на грешките кои ги направив. Дури не сум сигурна дали сакам да ги наречам грешки. Повеќе сакам да ги наречам моменти на задоволство.
И јадев. Јадев контролирано, само тогаш кога ми се јадеше. Но земав над 1300 калории. Земав и благо, солено и сѐ што ми се јадеше“, откри пејачката.
Бев на одмор и решив овој пат да го слушам телото. Првите неколку дена се придржував со оброци, калории, течности, активности. И тогаш почна телото да реагира така како што и очекував. Сите околу мене јадеа нешта кои ја ги обожавав. После некое време размислување решив и јас да си дозволам намирници кои ги сакам.
„ И еве ме, се вратив од одмор. И можам да ви кажам, уживајте во секој момент од животот. Јадете контролирано. Дозволете си денови кога ќе земете нешто што знаете дека го сакате. Дозволете си да го слушнете телото што ви говори.
А ние се гледаме на врвот до крајот на годината“, вели Ивона.