Се кријат од сите: Пет хороскопски знаци никогаш нема да ви покажат како се чувствуваат

ИЗВОРНов Лист
|

Некои луѓе многу отворено ги покажуваат своите чувства, додека други имаат голем проблем со тоа.

Астролозите тврдат дека врз тоа големо влијание има и хороскоспкиот знак, а од овие пет знаци посебно тешко ќе дознаете што навистина чувствуваат.

Водолија

Водолиите не сакаат драматични и хаотични ситуации во кои би можеле да го загубат својот ‘cool’ став. Посебно мразат јавно изразување на емоциите и во такви ситуации се чувствуваат многу непријатно. Ако Водолијата ви се отвори, тоа значи дека ве смета за многу близок.

Девицa

Овие перфекционисти ќе ви ги откријат своите емоции само ако баш е неопходно. Иако делуваат многу ладно, тие всушност се многу емотивни, но тоа го сокриваат од страв дека ќе останат повредени.

Јарец

Јарците имаат практичен поглед на животот и не се претерани романтичари. Тие никогаш нема да дозволат емоциите да им застанат на патот за да си ги остварат своите цели и планови. Но, ако ја запознаат вистинската личност, конечно ќе се отворат.

Шкорпија

Страствените Шкорпии се полни со емоции, но ретко ги искажуваат, бидејќи не сакаат да загубат контролата над ситуацијата. Тие тешко им веруваат на луѓето и поради стравот дека ќе бидат повредени, се повлекуваат и често делуваат ладно и арогантно.

Вага

Вагите сакаат да им удоволуваат на сите и многу им е важна рамнотежата во животот. Поради тоа не сакаат да создаваат сцени и не сакаат да ги доведуваат другите во непријатни ситуации. Од тие причини, емоциите си ги собираат во себе, но, често се случува да ‘пукнат’.