Се лутите? Штета. А да се обидеме на поинаков начин?

|

Лутината е една од највообичаените, а најчесто и најдеструктивна заблуда, која речиси секој ден го погодува нашиот ум. За да го решите проблемот со лутината, најпрво треба да ја препознаеме во сопствениот ум, да ја признаеме нејзината штетност и за нас и за другите и кога сме соочени со тешкотии, треба да почнеме да ја цениме трпеливоста.

Потребно е во својот секојдневен живот да применуваме практични методид за намалување на лутината, односно да не дозволиме лутината воопшто да се појави.

Токму поради фактот што се темели на преувеличување, лутината е нереална и нема никаква цел и смисла. 

Сфаќајќи ја природата и маните на лутината, секогаш треба внимателно да го анализираме својот ум, за да можеме навремено да ја препознаеме лутината кога ќе почне да се појавува.

Спротивноста на лутината е трпеливото прифаќање, а ако сме сериозно заинтересирани за напредување на нашиот духовен пат, тогаш најважно е да го вежбаме и практикуваме тоа.