Во турските медиуми неколку пати излегуваше веста дека актерот Озџан Дениз се разведува од својата сопруга Фејза Дениз. Досега се чинеше дека сето тоа е измислено од жолтиот печат, но сега медиумите тврдат дека разводот сепак е покренат.
Според зборовите на турскиот новинар Билал Озџан, Дениз веќе покренал бракоразводна парница.Тоа значи дека парот кој се венча минатиот осми март, после неполна година брак, решил да се разведе.
Причината за разводот се уште не е позната, но бидејќи Дениз се венча со Фејза кога таа беше во седмиот месец од бремноста, се сомнева дека парот го склопил бракот само поради детето.
Озџан Дениз е роден на 19 мај 1972 година во Анкара Турција. Тој е актер, писател и композитор. Во Турција е добитник на голем број престижни награди во областа на глумата, а зад камерите изгледа сосема нормало, поради што ги освои симпатиите од целата земја.