Последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека во земјава водостоите на поголем дел од реките се повисоки од просекот за февруари и бележат благо намалување на нивото во споредба со вчерашното.
Исклучок е реката Вардар на мерното место кај Демир Капија каде водостојот е малку покачен во споредба со вчерашниот.
За разлика од реките, водостоите на природните езера се исти како вчера иако кај Преспанското и Охридското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец и тоа за 1,4 метри кај Преспанското и за 12 сантиметри кај Охридското Езеро.
За разлика од нив нивото на Дојранското Езеро е за 2,91 метар повисоко од просечното.