Овен (21.03 – 20.04)
Не сте сигурни дали сте во право кога станува збор за некој долгорочен проект или работа со некој кој има големи барања. Не сте сигурни дали треба да го прифатите извинувањето од некој Јарец, Рак или Риби, особено ако тие се помлади од вас бидејќи пред се не сте сигурни дали тоа било искрено.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во доусовршувањето е спасот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Бидејќи имате проблеми со контактите најдете некој кој ќе ве замени. Срамежливи сте и се трудите сами да си ги решите проблемите. Бидете внимателни со исхраната бидејќи може лошо да влијае на вашето здравје. Посветете му внимание на партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Надминете го стравот во миговите кога ќе се соочите со непознатото, тргнете храбро кон предизвиците и воспоставете ја новата визија, без која мошне тешко ќе се извлечете од психофизичкиот лавиринт. Ѕвездите укажуваат дека поседувате квалитет за успешно спротивставување на ограничувањата.
Лав (23.07 – 22.08)
Проширете го кругот на пријатели. Се наоѓате во ретко поволен период за многу прашања, особено ве сака среќата во поглед на финансиите. Во љубовта ве очекуваат позитивни случувања и би било добро да покажете малку повеќе иницијатива. Внимавајте на можните незгоди во спортот.
Девица (23.08 – 22.09)
Способни сте да се соочите со своите проблеми. Ако соработувате со личност во знакот на Близнаци, тогаш тоа е она вистинското. Емотивниот живот го врзувате за лицата со кои работите, а тоа негативно се одразува на вас. Внимавајте на вашето здравје, не е одлично.
Вага (23.09 – 22.10)
Не ја прифаќате можноста работата да ви тргне во лоша насока. Сметајте дека една блиска личност може пријатно да ве изненади. Многу слободни Ваги можат да најдат партнер за брак. Здравствената ситуација е оптоварена со висок крвен притисок.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вие одлично знаете како да ги решите потешкотиите во кои се наоѓате. Во семејството можни се проблеми со младите членови. Бидете малку флексибилни, да не би дошло до сериозни судири. Можна е вирусна инфекција, подобрете ја состојбата на имунолошкиот систем.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекува вест која ќе ве израдува, особено ако се занимавате со некој приватен бизнис. Ви претстојат големи успеси. Сте успеале да се стабилизирате и многу нешта кои се случуваат околу вас ги прифаќате како неизбежни. Љубовниот живот е добар, особено ако сте во врска со Бик. Поведете сметка за своето здравје.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денот е одличен за вашето хоби и за дружење со пријателите во вашиот дом. Не се оптеретувајте премногу со приказните во врска со несигурноста на работното место, најверојатно ќе дојде до позитивна промена. Не се нервирајте доколку ви се јави некој кој не ви е многу симпатичен, сепак ќе успеете да воспоставите добра комуникација.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не треба да се држите за старите непродуктивни ситуации, туку храбро и решително тргнете кон новите освојувања, зошто поседувате сила и квалитет за воспоставување хармонични односи во љубовта, односно работата. Затоа, не оставајте ништо на случајот и не дозволувајте да ве понесат потешкотиите на материјален план.
Риби (20.02 – 20.03)
Не потпаѓајте под туѓото влијание, следете си го сопствениот пат и активирајте ги интуитивноста и аналитичноста, пред да влезете во каква било соработка со другите. Всушност, поставеноста на ѕвездите кон вашиот знак не е најсовршена, така што не ви се препорачуваат ризични активности.