Во текот на следните денови, како што веќе најавивме нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Афрка. Истата ќе услови температурите на воздухот да бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните и за време на викендот, како и на почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38, 39 степени.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
Исто така, поради поизразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата држава во текот на следните денови ќе се изврши транспорт на прашина и на песок, со што и атмосферата ќе биде позаматена, особено на самиот почеток од следната недела.
Малку посвежо време и пад на температурите за неколку степени ќе имаме од вторник.
За нови и подетални информации, по потреба и обновени следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски