Се огласи бившата на Лукас: Соња вели дека после неа, секоја оди со Аца, а тој и возврати дека девојките ги менува како автомобили: старо за ново

ИЗВОРСкопје24
|

Веста за новата девојка на Аца Лукас се прошири со молњевита брзина. Да биде уште поинтересно, поранешната сопруга на фолкерот нема ништо против оваа врска, па дури и биле симпатични споредбите со неа.

„Од медиумите дознав дека Аца имал нова девојка, но навистина не знам која е таа? Не ми е гајле со кого е тој во моментов, сето тоа е минато за мене! Јас само се надевам дека таа ќе може да го убеди да ги потпише документите за развод на нашиот брак, што е можно поскоро! Мислам дека тоа ќе биде навистина одлично. Не слушав дека неговата девојка ја споредуваат со мене, но и да е така, тоа мене ми е симпатично! Искрено, секоја девојка оди со него. Јас нема да ја коментирам многу оваа романса“ – рече поранешната сопруга на фолкерот низ насмевка.

На сето ова се огласи Лукас, кој рече дека девојките ги менува како автомобили, старо за ново.

„Можам само да кажам дека мојата нова девојка се вика Јована. Ги менувам старо за ново, како автомобили“ – рекол Аца, и на прашањето со што се занимава неговата нова љубовница, тој само нагласи дека таа не е старлета.