Се огласи Тијана Дапчевиќ по успехот на нејзината сестра на Евровизија- еве што и порача (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Синоќа заврши Евровизија, а нашата претставничка Тамара Тодевска не претстави одлично остварувајќи го најголемиот успех досега.

Нејзината сестра, горда на нејзиниот успех на својот Фејсбук профил напиша дека „Тамара е нејзината прва светлост и ова што таа го направи е најголемиот успех“ :

-Љубов моја, ти си мојата прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи на Евровизија е најголем успех некогаш! Многу те сакам! Горда сум до небото и назад, напиша Тијана.

Ljubavi moja, ti si moja prva svetlost, ti si mojot heroj! Ova sto ti go napravi na #esc2019 e najgolem uspeh ever!…

Gepostet von Tijana Dapcevic am Samstag, 18. Mai 2019

Знаеме дека актерот Тони Михајловски е пријател на Тамара Тодевска, па така и тој не ја испушти приликата да се огласи по повод нејзиниот настап на Евровизија и на својот фејсбул профил напиша:

„Талентот е неспорен и огромен, и само идиот може да го негира. Се радувам на успехот на секој уметник, човек, а посебно на оние кои лично ги познавам. Па дури и ако не припаѓаме на ист народ, како што е во случајов.“

Талентот е неспорен и огромен, и само идиот може да го негира. Се радувам на успехот на секој уметник, човек, а посебно…

Gepostet von Toni Sanac Mihajlovski am Sonntag, 19. Mai 2019

Инаку и речиси целата српска естрада и честиташе на нашата Тамара, меѓу кои и познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ кој ја поддржа нашата претставничка Тамара на вчерашниот Евросонг, нарекувајќи ја победник.

Тој вчера на својот Твитер профил напиша: „Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровозија. За мене, вечерва Тамара победи“.