Микробиологот Никола Пановски му одговори на министерот за здравство Беким Сали и му забележи за на начинот на кој е поканет, односно преку социјалните мрежи во однос на поканата да биде член во комисијата за заразни болести.
-Се знае каков е начинот за тоа, прво се разговара, па се објавува. На Фејсбук тој може што сака да пишува, вели Пановски за Канал 5.
Сличен став има и доктор Марковски. Нагласува дека е несериозно да се покануваат експерти преку Фејсбук. Тој додава дека Комисијата е советодавно тело на министерот, без суштинско влијание на било какви мерки.
-Јас во 2020 година предложив Комисија како владино тело чии одлуки ќе бидат задолжителни, вели Марковски за Канал 5.
Доктор Даниловски неодамна соопшти дека нема намера да биде дел од Комисијата и да ја жр*вува својат автономија, појаснувајќи дека Комисијата нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на министерот.