|
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ објави дека се омажила. Таа веќе подолго време е во врска со фудбалерот Немања Гудељ, со кој се сврши пред неколку недели.
Анастасија објави фотографија на која се држат за рака, а на прстите имаат бурми.
-Господин и госпоѓа Гудељ, напиша Анастасија на Инстаграм.
Дел од српските медиуми јавуваат дека тие се венчале во манастирот Ражиновац во присуство на најблиското семејство и кумовите.