Се омажи Анастасија Ражнатовиќ – еве каква беше венчавката

|

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ објави дека се омажила. Таа веќе подолго време е во врска со фудбалерот Немања Гудељ, со кој се сврши пред неколку недели.

Анастасија објави фотографија на која се држат за рака, а на прстите имаат бурми.

-Господин и госпоѓа Гудељ, напиша Анастасија на Инстаграм.

Дел од српските медиуми јавуваат дека тие се венчале во манастирот Ражиновац во присуство на најблиското семејство и кумовите.