Се омажи помалата сестра на Натали Грубовиќ – невестата беше во посебно издание

|

Најпознатата македонска ТВ водителка на игри на среќа, манекенка и модел Наталија Грубовиќ се повеќе ја преминува границата Србија- Македонија и обратно. Овој пат, со убава причина и повод. Имено, се омажи нејзината помала сестра Марија со нејзиниот избраник Бојан.

Свадбената веселба се случи во еден познат ресторан во градскиот парк во Скопје, а на овој голем ден за семејството Грубовиќ присуствуваа блиски членови на семејството, роднини и пријатели.

Натали како и секогаш кога е во Скопје се активира на социјалните мрежи и споделува приватни моменти, а сега тоа го направи во поголема мера и покажа доста мигови од убавата свадбена веселба.

Невестата наместо во венчаница беше облечена во кус светкав коктел фустан, а младоженецот со класичен костум.