Се откажа од “Задруга„ по разводот – Драгојевиќ одеднаш си замина (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Братот на Дејан Драгојевиќ, Давид, последните недели е доста оптоварен со емоционалната состојба на неговиот брат, кој јавно се разведе од Далила Драгојевиќ, со која е во брак пет години.

Познато е дека Дејан во последните години не е во добри односи со братот и мајка му, токму поради Далила, но без разлика на тоа, неговото семејство јавно го поддржа во тешките моменти. Меѓутоа, откако ги потпиша документите за развод, се чини дека на Дејан му олесна многу, па товарот падна на грбот на Дејвид.

Последниве денови се опушти, а сега одлучи да замине на одмор, и да се одмори од се. Давид замина во Црна Гора, поточно во Будва, каде што пристигна синоќа, а од каде што преку Инстаграм ги извести своите следбеници дека е на одмор.

Иако сите мислеа дека Давид ќе влезе во „Задруга“, за да биде физички со својот брат во тешки моменти, што и самиот кажа дека ќе го направи, тоа се уште не се случило.