Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски синоќа се заколна на вечна љубов со неговата избраничка Маринела со која се во врска веќе две години, а на свадбената церемонија присуствуваа повеќе негови колеги.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со сопругата му го честиташе бракот на својот колега и сопартиец Благој Бочварски, објавувајќи фотографија од свадбата која се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Бочварски ја запроси Маринела Серафимова во август минатата година.
На свадбата на двојката Бочварски синоќа присутни беа и други членови од неговата партија СДСМ како и колешки – министерки во владата на Ковачевски.
Една фотографија објавена на социјалните мрежи од свадбената веселба во весело расположение ги покажува министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за труд Јованка Тренчевска, вицепремиерката Славица Грковска како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.