СЕ ОЖЕН ПО ПЕТТИ ПАТ – Oвој пат со 30 години помлада партнерка: Николас Кејџ не престанува да ја интригира јавноста со своите младешки комбинации

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Николас Кејџ има помали успеси во деловниот живот, а на почетокот на годината доби пофалби за работата на филмот „Прасе“. Сепак, неговиот љубовен живот не престанува да интригира.

Папараците овој пат го фотографираа со Рико Шабат. Покрај неговата помлада партнерка, јавноста не престанува да се шокира и од неговите стајлинзи, поради кои изгледа како тинејџер.

Откако во февруари оваа година по петти пат се ожени со Рик Шибата (30), а потоа направи сцена во ресторан кога пијан се сопна и им се закануваше на персоналот, ја избегнуваше јавноста.

Сега папараците го фатија на аеродром, кога се шеташе со својата млада сопруга, а парот се упати кон Сохо.

Сепак, во очите на јавноста тој моментално е предмет на потсмев, бидејќи од моментот кога се појавија фотографиите на мрежите, многумина коментираа дека актерот се однесувал како тинејџер, а забележливо е дека го променил стилот на облекување.

„Страшно е како изгледа овој човек“, „Кризата на средовечноста удри силно“, „Изгледа како папагал“, „Еј, Никола, немаш 24 години.. ах, чекај, жена ти има толку, се срами“, „Само чекам повторно да се разведе и да си најде помлада“, „Не знам кој му диктира да се облекува вака, но мене ми изгледа толку лигаво“, се само дел од коментарите на Инстаграм, Твитер, па сè до Редит, каде луѓето можеби беа најотворени.

Инаку, Николас пред Рико беше во брак со 37-годишната шминкерка Ерико Коике, и тоа само четири дена, бидејќи се плашеше дека избраничката ќе му земе половина од имотот. Кејџ зад себе има уште еден краток брак со кантавторката Лиза Мари Присли (52), ќерка на Елвис Присли. Тие се венчаа во 2002 година и се разведоа два месеци подоцна. Кејџ беше во брак и со колешките Алис Ким (36) и Патриша Аркет (51).