Се ожени Тони Зен и има син

ИЗВОРСкопје24
|

Хип-хоп артистот Тони Зен неодамна се ожени и стана татко. Убавите новости ги потврди и музичарот.

Имаме син, има четири недели. Навистина не сакам да се експонирам на овој начин, за приватниот живот никогаш многу не сум зборувал, изјави Тони за женски магазин.

„ Уште една убава новост е што снимив албум кој ќе излезе во мај. Ќе биде тоа еден мирен, убав, акустичен албум на кој сѐ е отсвирено во живо. Наскоро ќе ве канам на промоција. Благодарен сум им на сите артисти кои придонесоа да се реализира ова дело “, додаде тој.

Сопругата на Тони се вика Валентина Јованова и е од Гевгелија.