Се оженил на 16 години: Ѕидарот од Битола кој учествуваше во „Никогаш не е доцна“ вака изгледал на венчавката

ИЗВОРСкопје24
|

Во последната сезона на „Никогаш не е доцна“, учествуваше и ѕидарот од Битола, Бејхан Рамов кој ја однесе победата од гласовите на публиката.

Бејахан се оженил на само 16 години, исто толку години имала и неговата партнерка.

На венчавката присуствувале само кумовите, а за оваа прилика одбрале опуштена комбинација.

Невестета била облечена во црн фустан и мантил, додека Бејхан носел фармнерки во комбинација со бела мајца.

Бејхан и неговата сопруга се во брак 30 години, а заедно имаат три деца.

Тој почнал да работи со музика на возраст од девет години, кога почнал да пее големи турски хитови, бидејќи неговата мајка по потекло е Турчинка.

На 13-годишна возраст, почнал да работи во градежништво и ѕидарски работи, а потоа како помошник на мајсторите.