Се плашев да се смирам со него: Џеј Ло конечно проговори за врската со Бен Афлек, еве што ја кочело да му даде втора шанса

ИЗВОРНов Лист
|

Латино дивата Џенифер Лопез и гостувала на познатата водителка Елен Деџенерис, каде открила засега непознати детали за обновената врска со актерот Бен Афлек.

“Мислам дека никој не беше поизненаден од нас двајца. Никогаш не мислев дека може да се случи такво нешто, прекрасно”, прокоментира Лопез во едно интервју. На водителката и признала дека повторно е вљубена во Афлек.

Таа признала и дека малку се плаши повторно да влезе во врска за која знаела дека ќе ги следат медиумите. „Двајцата сфативме дека сме среќни заедно и не сакавме да дозволиме нешто такво повторно да ни ја уништи врската“, коментира таа.

Џенифер и Бен првпат беа во врска од 2002 до 2004 година, а повторно стапија во контакт во февруари минатата година, за да ја објават веста дека повторно се заедно кон крајот на април.

„Денес сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство и сме во различни фази од животот отколку што бевме тогаш. Имаме деца и нашите вредности се сменија“, изјави пејачката и актерка. “Прекрасно ми е што се изгледа сосема поинаку отколку кога бевме заедно за прв пат. Повеќе се цениме, навистина е убаво да сме заедно”, заклучи Лопез.

Џенифер и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони имаат две деца, 13-годишните близнаци Макс и Ема, а Бен и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер имаат три деца, 16-годишната Вајолет, 13- годишната Серафина и 9-годишниот Самуел.