Се очекува владата утре да го објави пакетот антикризни мерки за најголемите компании

ИЗВОРНов Лист
|

Утре ќе се дознае кое од барањата на Стопанската комора за справување со енергетската криза е прифатливо за Владата.

„Ние добивме барања од најголемите 10 потрошувачи на струја во наша држава. Конкретни барања и ги разгледавме на Влада и ќе им одговориме утре, во однос на граѓани се прават последни анализи се дизајнираат мерки, најверојатно тоа не би требало да биде крај на овој месец или почеток на следен.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

„Македонија нема проблем со снабдувањето со природен гас, има проблем со цените кои се нудат на нашиот пазар. Денешните цени на берзите се неколкукратно помали од тоа што наш трговец нуди. Понудената цена е 2 500 долари за илјада нормални метри кубни. Да не се користи моментот бидејќи имаме само двајца трговци за да се придобие во овој момент, бидејќи се поголеми од берзи она што се нуди и кон ТЕ ТО и кон ЕСМ.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Додека фирмите ја чекаат владината помош, неколку големи индустриски капацитети веќе го запреа производството, а дел најавија дека тоа ќе го сторат наскоро.