Се подготвува ли мегахитот на летово: Антониа Гиговска и Луна Џогани во студио (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Победничката на „Задруга 2“ Луна Џогани по излегувањето од реалното шоу не додржа и веднаш се упати кон нашата земја за да започне нов чекор во својот живот.

Имено утринава таа на својот Инстаграм профил се пофали дека отпатувала во Скопје и тоа во студиото на Дарко Димитров за да ја сними својата прва песна.

-Драги мој, денес ми е еден од деновите за паметење. Наскоро со вас ќе го споделам, напиша Луна на својот Инстаграм профил.

Освен тоа фотографија од студиото сподели и Дарко Димитров кој напиша дека е време за во студио, погледнете.

Но, по се изгледа дека Луна сака да игра на сигурна карта па ќе сними дуетска песна. Кога се работи за квалитен вокал се разбира, со кого, ако не со нашата прекрасна Антониа Гиговска, која и самата таа ја нарече „најдобар вокал“ споделувајќи фотографија од студиото на Димитров.

И нејзината мајка Анабела подоцна објави фотографија на која се гледа како тие две се прегрнуваа, „крунисувајќи“ ја нашата Антониа, па уште повеќе ги подгреа фановите кои веруваме со нетрпение очекуваат да видат што овие две дами подготвуваат.

Инаку претходно во истото студио двете свои песни ги сними и Анастасија Ражнатовиќ, а Антониа пред неколку месеци ја сними првата песна на српски јазик „Могли смо у двоје“, со која успешно се проби на српскиот пазар.

(Н.Ј.)