Се поголем број на богаташи купуваат куќи во оваа екс-ју земја

ИЗВОРНов Лист
|

Богати луѓе од сите страни на светот се воодушевени од Истра, пишува “Гласот на Истра”.

Според заедничкиот извештај за пазарот на недвижнини на Истарската жупанија, во градовите Пазина и Пула прометот на недвижнини е во пораст. Воочливо е дека трендот на продажба на станови е во опаѓање, додека расте бројот на продажба на куќи и викендички.

Цените се движат од неколку стотици илјади евра па се до милион евра за некоја недвижнина.

“Станува збор за многу богати купци што докажува дека Истра е многу посакувана дестинација: Најчести клиенти со кои соработуваме се Словенци, Германци и Австријци”, вели Снежана Госпиќ, претседателка на Групата на посредници во пазарот за недвижнини при Жупанската комора и сопственичка на водечката агенција за продажба на недвижнини “Arx Primus” од Умаг.

Во Пула продадени 337 станови
Најмногу станови се продадени во Пула – 337. Следи Пореч со 250, Умаг со 158, Новиград со 152, Медулин со 96 и Лабин со 87 продадени станови.

Движењето на понудите и побарувачката на пазарот за недвижнини во Истра се непредвидливи, бидејќи во 2016-та година била забележана продажба на 1.147 станови, во 2017-та 1.719 станови, а минатата година е забележан чувствителен пад кога бројката паднала на 1.479 станови.

“Една од водечките причини за тоа е растот на купувањето на семејни куќи или многу луксузни станови, кои најмногу недостасуваат на истарскиот пазар. На пример во Умаг може да се види дека малку се градат нови станбени објекти и поради тоа би ја нагласила потребата за луксузни градби, бидејќи владее голем интерес за нив. Добар пример во Истра е Новиград, кој има голема понуда на нови станови и каде се постигнува цена од 2.500-3.500 евра по метар квадратен. Инаку најбарани станови на пазарот се оние со големина од 50 до 60 квадрати”, вели Госпиќ за “Гласот на Истра”.