Се појави фотографија од младоста на Харис Џиновиќ: Во костим за капење и без шешир (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачот Харис Џиновиќ со години го негува својот препознатлив изглед, а заштитен знак му се мустаќите и шеширите.

Пред да почне да носи шешири, Харис носел шалови, а денес со задоволство истакнува дека за неговиот изглед се грижи сопругата Мелина, модна дизајнерка.

Сепак, на социјалните мрежи се појави фотографија од помладите денови на пејачот, а многумина велеа дека тешко ќе го препознаат.

Џиновиќ позираше на море, а иако сè уште ги има карактеристичните мустаќи, на главата не носел ниту шешир, ниту шал, а гордо го покажа челото.