Се појави во црвен фустан: Првото појавување на Констракт во Израел (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Ана Ѓуриќ Констракта, победничката од Беовизија, веќе неколку дена е во Израел по повод традиционалниот предевровизиски музички настан „Israel calling“. На покана на организаторите таа синоќа имаше можност за прв пат да настапи.

Евровизиската публика првпат ја слушна претставничка на Србија во живо, но според нивните реакции изгледа како веќе да ги видела снимките од настапот на Констракта од Белград.

Кореографијата и ритамот на песната публиката ги придружуваше со овации, и секако со ентузијастички реакции.

Ана Ѓуриќ пееше на српски, а преводот на песната беше на мониторот зад неа. Овој пат настапи сама, без придружбата што ја имаше на Беовизија, а го промени и стајлингот.