Откако сушата довела до рекордно намалување на нивото на вештачкото езеро во централен Тајланд, на дното се појавил будистички храм кој станал голема атракција за граѓаните.
Нивото на вода се намалило за три отсто од неговиот капацитет што довело до тоа од водата да “испливаат“ остатоците од храмот Ват Нонг Буа Јаи кој бил потопен во текот на градењето на браната и вештачкото езеро пред 20 години.
„Храмот вообичаено е покриен со вода во текот на сезоната на врнежи и тогаш не може да видите ништо од него“ – изјавил некој од граѓаните кој меѓу првите побрзал да го види храмот.
Браната со капацитет од 960 милиони метри кубни, вообичаено наводнува околу 526.000 хектари од обработливата земја во четири покраини, но сушата тоа го намалила на само 1.214 хектари.
Храмот кој сега се појавил своевремено бил центар на заедницата.
Неговите остатоци се појавувале и претходно, а последен пат биле видени во 2015-та година кога и тогаш сушата го погодила Тајланд.