Се породи и Елена Миленковска: Еве какво име одбраа за малиот принц

|

Македонската пејачка и учесничка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска се породи и за првпат се реализираше во улогата на мајка. Елена и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ станаа родители на син за кој го одбраа името Максим.

Радосните вести ги сподели Гуте на социјалните мрежи кои не криеше колку е среќен поради новиот член на семејството.

„Ти благодарам храбро мое. Ти благодарам што ми подари љубов, што ми подари среќа и што ми подари син. Добре дојде Максим“ напиша тој во заедничка фотографија со Елена, а под објавата се нижеа честитки.

Гордиот и среќен татко веднаш започна со прослава, а неговите пријатели и колеги се појавија во неговиот стан пеејќи ја песната „Родио се син мали господин“.