Кајли Џенер ги воодушеви своите фанови кога објави дека станала мајка по втор пат.
Најмладата сестра на Кардашијан, Кајли Џенер, го роди своето второ дете. Реалити ѕвездата и најмладата милијардерка ја објави радосната вест на социјалните мрежи.
Кајли роди син, а веќе ја има ќерката Сторми (4) која се роди на 1 февруари, на денот пред нејзиниот помал брат.
Според американскиот TMZ, Кајли по породувањето се чувствува одлично, а нејзината ќерка е возбудена затоа што мајка и и подарила брат.
Младата милијардерка на својот профил покажа како ја држи раката на бебето и накратко напиша „2/2/22“ и додаде сино срце, алудирајќи на тоа кога се породила и дека се родило момче.