Најмладата сестра од кланот Кардашијан – Џенер, Кајли, се породи пред два месеци и го роди своето второ дете, а името што таа и нејзиниот избраник Тревис Скот го избраа беше мистериозно.
Откако објави дека на својот син му го дала името Волк, старлетата набрзо открила дека се предомислила, и дека ќе му даде ново име. Сега призна дека сè уште не смислила.
По повод новата сезона на реалното шоу за семејството Кардашијан, се собраа познатите девојки и разговараа со бројни новинари, а меѓу прашањата беше токму името на синот Кајли Џенер.
“Волк никогаш не беше на нашата листа, Клои го предложи тоа име… Ми се допаѓа, немам ништо против тоа име, но едноставно не е тој. Се уште не сме смислиле име”, рекла таа.