Се породи пред само две недели: Александра Пријовиќ во топ-форма (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Александра Пријовиќ која на трети март стана мајка денес првпат е фотографирана по породувањето. Снаата на Лепа Брена која пред само две недели го роди синот Александар веќе е во одлична форма.

Пријовиќ со сопругот Филип Живојиновиќ денес слават Младенци, но како што пишуваат српските медиуми, наместо со фешта, празникот ќе го одбележат симболично во кругот на семејството.

Александра и Филип Живоиновиќ се преселија во новиот дом во близина на местото каде што живее Лепа Брена. Иако и кујната им е средена и врвно опремена во нивниот дом, сепак храната стигнува исклучиво од куќата на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ.

Пејачката само што стана мајка, но сè уште ѝ сметаат мириси и не сака храната да се подготвува во нејзиниот дом, поради што ѝ носат храна за неа и бебето од куќата на Брена. Со оглед на тоа дека новопечената мајка дои, сите се трудат да се храни многу здраво.

Иако раната од царскиот рез сè уште и е свежа, па тешко се движи, Александра се чувствува одлично и ужива во секој момент со својот наследник.

За потсетување Филип и Александра првобитно планираа породувањето да се изврши во Америка, но поради големите компликации околу визата и останатите законски прописи, се откажале од тоа. На крајот се решиле за Белград и избрале една приватна клиника. Цената која Живоиновиќ морале да ја платат изнесува околу 5.000 евра.

По излегување од клиниката на пејачката и нејзиниот сопруг планирано беше прва да им помогне мајката на Александра, Борка, но и членовите на семејството на Филип кое живее во соседството – рекол извор близок до семејството.