Се потите и кога надвор е ладно? Тоа укажува на нешто опасно

ИЗВОРСкопје24
|

Кога вашето тело функционира сосема нормално и во нормални услови, претераното потење независно од годишното време може да биде аларм дека нешто не е во ред. Необичното и претерано потење може да биде последица на, од хипогликемија до преголема доза на кофеин. Обично зад претераното потење, особено кога надвор е студено, може да стои на една од следниве состојби:

Недостаток на кислород

Тоа што немате доволно кислород е најчестата причина за избивање ладна пот. Проверете како дишете следниот пат кога ќе почнете да се потите ако надвор е ладно – дали вашето дишење е длабоко и лесно или плитко и отежнато. Доколку при секое вдишување чувствувате тешкотии, тогаш, веројатно, на вашето тело му недостасува кислород. Излезете надвор и прошетајте.

Ниско ниво на шеќер во крвта

Кога прескокнувате оброци или долго ништо не сте јаделе, телото реагира. Недостатокот на гликоза во крвта предизвикува производство на адреналин во обидот да го компензира недостатокот на храна. Хроничната хипогликемија е сериозен медицински проблем, па ако се сомневате дека ја имате задолжително одете на лекар. Нема да ви шкоди и ако со себе имате некоја здрава ужина, пробајте дали таа ви помга во моменти кога се чувствувате лошо.

Проблеми со тироидната жлезда

Доколку постојано се потите под пазувите, без разлика на годишното време, можеби боледувате од хипертироидизам или премногу активна тироидна жлезда. Таа лачи хормон кој диктира како телото ќе ја користи својата енергија.

Несакано дејство на лекови

Низа лекови, од антидепресиви преку оние за притисок до оние за грип и настинка можат да предизвикаат потење. Лекарите укажуваат на тоа дека многу лекови имаат вакво дејство и стануваат активни во текот на ноќта. Опуштањето и вежбањето се мошне важни. Се советува и да се држите подалеку од кофеин и да внимавате на количеството на шеќер кое го внесувате во организмот.

Хипертироидизам

Претераното потење на дланките, лицето, пазувите – задолжително посетете лекар.

Луѓето кои боледуваат од хипертироидизам се потат 4 до 5 пати повеќе во текот на денот од луѓето кои немаат ваков проблем. Важно е да најдете начин да ја задржите течноста. Постои и синдром кој предизвикува студ, а се нарекува Crisponi syndrome. Ретко се јавува и се верува дека го предизвикува мутацијата на генот CRLF1.